Ферибот со илегални имигранти потона во Средоземно Море, западно од египетскиот град Александрија.
Спасувачките тимови од водата извадија тела на 12 лица. Во операцијата спасени се 116 лица, од кои 40 Сиријци, 72 Палестинци и четворица Египќани. Сите се одведени во военопоморската база Рас ат Тин.
Нема податоци која била дестинацијата на фериботот.