Арсенал ќе се обиде да го преземе на изнајмување напаѓачот на Јувентус Фернандо Љоренте во зимскиот трансфер прозорец.
Според “Дејли Стар” интерес за шпанскиот репрезентативец пројавуваат уште два лондонски тима – Челзи и Тотенхем. Менаџерот на “топџиите” Арсен Венгер сепак одамна праќа скаути за натпреварите на 28-годишниот поранешен напаѓач на Атлетик Билбао.
Љоренте беше стартер само во два натпревари на “бјанконерите” од почетокот на сезоната во Серија “А” и го загуби своето место во репрезентацијата на Шпанија.
Трансфер во друг тим би му дал повеќе шанси за докажување и така би си издејствувал покана за светското првенство во Бразил следното лето.