За посредникот на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц, кој го придружува генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-Мун за време на посетата на Македонија, разговорите водени со македонскиот државен врв се конструктивни.
„Нема да дадам изјава бидејќи ова е посета на генералниот секратар на ОН, а не моја посета. Но, она што можам да кажам е дека имавме конструктивни дискусии и како што кажа и генералниот секретар имавме многу добри средби. Тој научи многу, а и јас исто така, изјави Нимиц.
Од Скопје, Нимиц заминува за Солун каде што ќе ја брифира грчката Влада за разговорите со македонските претставници.