Статистика до 18 октомври да ги достави податоците од Избирачкиот список

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) стручно, согласно одредбите од Изборниот законик постојано врши ажурирање и го води Избирачкиот список согласно утврдената методологија и извештаите што ги добива од другите органи вклучени во ажурирањето и обработката на Избирачкиот список.

Тоа го соопшти ДИК по денешната седница на која, според усвоените заклучоци, го задолжила Државниот завод за статистика да ги достави сите обработени податоци од Избирачкиот список најдоцна до 18 октомври годинава.

Веднаш по добивањето, како што информира ДИК, ќе го објават обработениот Избирачки список на својата интернет страница и на увид во подрачните одделенија и канцеларии. Работната група за проверка на Избирачкиот список ќе закаже седница во рок од три дена од добивањето на обработените податоци на избирачкиот список на која ќе го разгледа истиот и ќе даде конкретни предлози за понатамошни активности.

– Државната изборна комисија ќе продолжи постојано да ги следи работите и активностите за ажурирање на Избирачкиот список со закажување на работни состаноци и седници во насока на тековно и квалитетно ажурирање на Избирачкиот список согласно Изборниот законик. Рокот на извршување на овие активности е 5 ноември 2013 година, информира ДИК.

На седницата заклучено е работната група за проверка на Избирачкиот список и понатаму во континуитет да продолжи со своите активности.

Би можело да ве интересира

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас