Македонската фудбалска репрезентација со чартер лет директно од Скопје пристигна во Кардиф каде утре, петок во 20:45 го игра квалификацискиот дуел со селекцијата на Велс.
Мирен лет и прекрасно време во велшката престолнина ја пречекаа македонската експедиција предводена од вд селекторот Зоран Стратев.
Впечатлива е добрата атмосфера меѓу репрезентативците кои се свесни дека со добра игра и победа се отвораат позиции кон третото место на табелата.
„Велс има добра репрезентација без разлика што имаат неколку откажувања. Досега редовно на квалификациските гостувања игравме добро и мислам дека ред солидните изданија да ги крунисаме со победа“-вели искусниот Николче Новевски.