Топ 5: Атракции кои можат да ве разочараат

Од:

Во секој туристички водич ќе најдете список на работи, кои „задолжително мора да ги посетите“. Иако за време на секое патување навистина би требало да посетите одредени места, истовремено би требало да имате и реални очекувања, пишува „Хафингтон пост“.

Честопати слушаме сведоштва на луѓе, кои ги посетиле познатите светски туристички атракции и при тоа доживеале големо разочарување, бидејќи тоа што го виделе не било ни приближно возбудливо како нивните очекувања.

Мона Лиза

Веројатно најпознатата слика на светот се чува во парискиот Лувр. Меѓутоа таа би можела многу да ве разочара. Освен што е значително помала од тоа што сте го очекувале, пред неа вообичаено има толку многу туристи, така што е неподносливо со сите нив да престојувате во иста просторија, а сликата можете да ја видите само од голема оддалеченост.

Стоунхенџ

stounhendz

За ова „група камења“, веројатно сте прочитале и слушнале секакви приказни, но во реалоста тој локалитет, многумина го окарактеризирале како мошне досаден. Освен големите камења поставени на навистина интересен начин, ништо друго нема да го привлече вашето внимание. Од друга страна тој недостиг би можел да го надополнат други интересни, древни села, како околното Ејвбери, предисториски круг од камења со музеј, кој се наоѓа на само 40 километри од Стоунхенџ.

Тајмс сквер

TIMESS

Познатиот плоштад може да ви изгледа како разочарувачка локација, поради големиот број луѓе, кои таму циркулираат и всушнот и не е премногу интересен, доколку не го видите во најдобро издание. Наместо во текот на денот, посетете го ноќно време меѓу осум и десет часoт, кога се палат светлечките реклами и нема толку фреквентен сообраќај, кој ви предизвикува стрес.

Сикстинска капела

sikstinska-kapela-09

Рим навистина е богат со културни и историски локалитети, кои вреди да ги погледнете. Колосеумот е мошне импресивен, историјата на Форумот ќе ве врати во древното римско царство, но има и одредени светски познати локалитети, кои и не се толку импресивни, како што тоа веројатно го мислите. Сикстинската капела, според мислењето на многумина, е еден од тие локалитети.

Дефинитивно би требало да го посетите Ватикан, но не се залажувајте дека без проблеми ќе се протнете меѓу толку многу луѓе и на мира ќе ги погледнете ремек-делата на Микеланџело.

Каменот во дворецот Бларни

kiss-the-Blarney-stone

Истражувањето спроведено во 2011 година над 13.000 испитаници покажало дека каменот во дворецот Бларни во Ирска е најпреценетата туристичка атракција во Европа. Дури 73 отсто од испитаниците предложиле едноставно да го прескокнете.

Според легендата секој оној кој ќе го бакне тој камен станува неверојатно добар говорник. Но, самиот чин на бакнување на каменот и не е толку спектакуларен. Прво морате да се качувате на врвот на дворецот, кој своевремено бил најдобро заштитен во тој дел на Ирска со ѕидови дебели од пет метри.

Кога конечно ќе стигнете на врвот морате да чекате во ред за да го бакнете каменот. Кога ќе дојдете на ред, морате да легнете и да се свртите наопаку, држејќи се со рацете за железната шипка и со главата да влезете во една дупка за да можете со усните да му се приближите на каменот. А убавиот говор никој не ви го гарантира.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска