Фондацијата на Никола Тесла од Филаделфија на 7 јуни испрати предлог до Синодот и патријархот Иринеј на СПЦ во кој се бара Никола Тесла да биде именуван за светец.
Поддржувачите на делото на Никола Тесла од цел свет веруваат дека тој треба да биде прогласен за светец, појасни портпаролката на научната фондација, Мирка Момчичевиќ, односно идејата веќе ја прифатиле Бразил, Холандија, Австралија, Канада, Нов Зеланд, Австрија, Франција, САД и во моментот во Србија се спороведува анкета „за“ или „против“.
„Во Тесла беше Светиот Дух, тој многу рано го откри Господ, а потоа и небеските пространства и космичката енергија. Моите предци отсекогаш велеа дека Никола е дете на Господ и слуга на црквата. Пред пет години започнав да собирам потписи и му ги однесов потоа на свештеник. Тој ме посоветува да го испратам предлогот за канонизација до СПЦ“, изјави Николас Лончар, првиот човек на фондацијата.
И покрај иницијативата, сепак многу мали се шансите Српската православна црква да го направи ова. Православната црква за разлика од Римокатоличката, нема јасно дефинирани процедури за прогласување на некој човек за светец, но за да влезе во светиот диптих сепак има одредени услови.
Српската православна црква напоменува дека „светецот“ мора цел живот да бил вистински верник и да настрадал за верата и нацијата.