Традиционалниот романтичен меден месец е нешто што замина во минатото, имајќи предвид дека се повеќе млади брачни парови се одлучуваат за авантуристички патувања, со кои го прославуваат стапувањето во брак.
Освен вечерата под светлината на свеќите, прошетките покрај плажите и масажа за двајца, повеќето млади брачни парови посакуваат нуркање, возење со жичарница, па дури и пливање со ајкули на медениот месец. Дури едно од десет лица би сакало да проба банџи скок.
Откако медениот месец ќе помине, потребно е да се повтори, сметаат испитаниците во анекетата, што ја спроведе британската туристичка агенција Куони.
Имено една петина од анкетираните имаат пријатели или роднини, кои го повториле медениот месец, така што се вратиле на истата дестинација, уживале во истите активности, јаделе во истите ресторани, со својот партнер.
– Голем број луѓе ги користат важните прослави, како годишнините од бракот или родендените за да го реконструираат медениот месец, изјави Дерек Џоунс, експерт за луксузни одмори во Куони.
Најпопуларни активности на медениот месец:
– Пливање со делфини
– Нуркање
– Планинарење
– Возење велосипед
– Пливање со ајкули
– Возење со жичарница
– Параглајдинг
– Сурфање
Најпопуларни дестинации:
– Малдиви
– Тајланд
– Шри Ланка
– Маурициус
– Индонезија
– Обединетите Арапски Емирати
– САД
– Санта Луција
– Малезија
– Кенија.