Суарез: Сега сум смирен

Од:

Уругвајскиот фудбалски репрезентативец и член на премиерлигашот Ливерпул Луис Суарез изјави дека контроверзните моменти од мината сезона се веќе минато и дека сега се смирил.

– Јас сум многу самокритичен и во последните натпревари сум многу по смирен. Сфатив дека тоа многу ми помага. За време на казната ми беше тешко, но среќа е што можев да играм за репрезентацијата, а враќањето на теренот во дресот на Ливерпул беше дополнителна радост, истакна Суарез и додаде дека главен „виновник“ за неговото останување на „Енфилд“ е капитенот Стивен Џерард.

Уругваецот ја одлежа суспензијата од 10 натпревари по гризнувањето на играчот на Челзи, Бранизлав Ивановиќ.

Откако се врати на терените во Премиер лигата по истекот на казната, Суарез постигна три гола во исто толку натпревари.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска