Медиумите непожелни на ручекот на Бакрачевски со конзулите

Од:

ЛДП е сериозно загрижена од третманот кон новинарите од страна на одделението за односи со јавност од Општина Охрид, за време на денешниот работен ручек на градоначалникот.

Денес, стои во соопштението на ЛДП, за време на работниот ручек на градоначалникот со конзулите, на новинарите не им беше дозволено да направат фотографии од настанот.

„Ако се има предвид дека ова беше работен а не приватен ручек, а уште помалку средба која бараше тајност, не ја гледаме потребата од ваквото однесување. Од друга страна пак, одговорните од одделението за комуникации со јавноста од општина Охрид ангажирале свои сниматели и репортери, кои после настанот пратиле фотографии и соопштенија до медиумите“, стои во реакцијата на ЛДП.

ЛДП прашува дали десничарското раководство е свесно дека ваквиот однос кон медиумите и новинарите како и цензурата во објавувањето е нешто што е типично за еден поранешен систем, против кој тие се и најгласни?

ЛДП бара од градоначалникот сериозно да ги разгледа одлуките на одговорните од одделението за “Односи со јавност” на општина Охрид и истите за своите пропусти и непрофесионализам да сносат одговорност.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид