Бан Ки Мун на средби со државниот врв

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун , по работниот ден во Охрид и разговорите и прес конференцијата со претседателот Горѓи Иванов заминува во Скопје каде ќе одржи говор во Собранието, а ќе има средби и со претседателите на Собранието и на Владата .

Според најавите и очекувањата спорот со името да биде доминантно прашање.

Првиот човек на светската организација е придружуван од посредникот на ОН во спорот за името со Грција Метју Нимиц, и не се очекува нов конретен предлог од Нимиц, за решавање на спорот со името. Од Нимиц се очекува да помогне за да има динамичен дијалог. Ова вчера и го побарал премиерот Никола Груевски на заедничкиот ручек со посредникот Метју Нимиц во скопското кафуле „Тренд“.

Груевски на Нимиц му пренел дека силно го поддржува неговиот мандат и изразил подготвеност за директни средби на највисоко ниво со грчката страна, за да се изгради позитивна атмосфера и добар амбиент за решавање на спорот.

Според најавите на средбите ќе стане збор и за грижата за Охрид како светско културно и природно богатство заштитено од УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска