„За она што двете соседни земји не ги искористија можностите за регионална соработка во изминатите години поради проблемот со името, Обедитетие Нации ќе направат се ова прашање да се реши“.
Ова му го вети претседателот на ОН Бан Ки Мун на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Траснапрентност и унапредување на овој дијалог е нешто што ние го правиме преку медијаторот Метју Нимиц. После ова тој ќе оди во Грција за да им објасни на грчките власти што ние разговаравме овде. Јас ќе стапам во контакт и со премиерот Самарас за да помогнам да се забрза овој процес. Се надевам дека лидерите на двете земји и натаму ќе продолжат активно да соработуваат. ОН ќе направат се за да се олесни процесот јас сум запознаен со хашката пресуда и ние сите прашања ке ги земеме во предвид“, рече Бан Ки Мун.
Престедателот Ѓорѓе Иванов рече дека јазикот и индентитетот се неоспорен факт и реалност и нема да бидат предмет на ниту едни разговори.