Во Куманово се одржа „Еко саем“

Од:

По повод „Детската недела“, градинката „Ангел Шајче“, денес на Градскиот плоштад во Куманово организираше „Еко саем“. На саемот учествуваа деца од поголемите групи, на ниво на целата установа, поточно од сите шест објекти.

-Годинава саемот е потпомогнат од Секторот за животна средина, при Општина Куманово. Тие донираа „зелени знаменца“ со еко порака за секое дете, еко боенки, како и играчки-изјави воспитувачот-координатор Билјана Чумбурски од установата „Ангел Шајче“.

ekosaem-kumanovo

Таа додаде дека за успешно одржување на годинешниот „Еко саем“ децата изработиле еко зеленковци, поточно зелени кукли, кои што се направени од рециклиран материјал, а истите се наменети за хуманитарна продажба.

-Овој настан се организира со цел да се поттикне одржување на здрава животна средина за успешно детство и здрав развој на детето-нагласи Чумбурска.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија