Членови на ДИК: Наводите на Кондарко и СДСМ се некоректни и тенденциозни

Од:

Наводите кои ги изнесува претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко и СДСМ се крајно некоректни и тенденциозни со цел јавноста да добие погрешен впечаток дека надлежните институции не ги исполнуваат своите законски обврски поврзани со ажурирањето на Избирачкиот список. Република Македонија веќе неколку изборни циклуси по ред докажува дека има капацитет да спроведе фер и демократски избори согласно меѓународните стандарди и практики, за што добивме потврда и од ОБСЕ/ОДИХР и од другите релевантни домашни и меѓународни институции.

Ова денеска го изјавија членовите на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајкоски и Анета Стефановска кои истакнаа дека во текот на вчерашниот ден преку соопштенија за јавност биле изнесени неосновани повеќе ставови и обвинувања за попречување на активностите за проверка и прочистување на Избирачкиот список.

Во врска со соопштението испратено од Државната изборна комисија, укажуваат тие, би сакале да потенцираме дека ние како членови на овој орган воопшто не бевме запознаени ниту консултирани за неговата содржина и оттука сметаме дека дел од наводите изнесени во соопштението се личен став на претседателот на ДИК, Борис Кондарко и во тој контекст би сакале целосно да се оградиме од наводот дека ние поединечно или заедно на кој било начин ги опструираме или спречуваме активностите поврзани со прочистувањето на Избирачкиот список, како што тенденциозно се посочува и во соопштението на СДСМ.

Тие посочија дека во ниту еден момент не ја попречувале работата на ДИК како орган надлежен за водење и ажурирање на Избирачкиот список, но исто така, како што укажаа, е факт дека од завршувањето на Локалните избори 2013 година, па до денес Борис Кондарко како претседател на ДИК, кој има законска надлежност да ги закажува и води седниците, воопшто не закажал седница или работен состанок на кој би се дискутирало за Избирачкиот список.

– Надлежноста на водењето на Избирачкиот список е исклучива надлежност на ДИК утврдена со Изборниот законик, што значи дека ДИК ја има водечката улога во тој перманентен процес. Работата на избирачкиот список не е прашање за надгласување или прашање за тесно партиска дневна политика. Водењето на избирачкиот список е една од основните алатки на овој изборен орган, истакнаа Срцев, Сајкоски и Стефановска.

Тие потврдија дека во моментот работи Работната група за проверка на избирачкиот список која е воспоставена од Управувачкиот комитет за изборна реформа чиј член е и Кондарко.

Работната група, наведуваат тие, има мандат да спроведе проверка на податоците на Избирачкиот список согласно претходно усвоена методологија.

– Со работната група претседава членот на ДИК, Бедредин Ибраими, а во работата учествуваат претставници на сите надлежни државни институции, вклучувајќи ги и МВР, Државниот завод за статистика и Управата за матична евиденција, како и претставници на парламентарните политички партии.Согласно информациите кои ги добиваме од Ибраими, работната група фунцкионира беспрекорно при што сите дражвни институции вклучително и МВР се исклучително професионални и демонстрираат висок степен на подготвеност за соработка во однос на сите обврски кои произлегуваат од работната група, а кои се однесуваат на доставување на прегледи и информации во однос на податоците кои се неопходни за проверка на Избирачкиот список и евентуално отстранување на одредени недостатоци, наведуваат тројцата членови на ДИК.

И во конечниот Извештај на ОБСЕ/ОДИХР за Локалните избори 2013 година во однос на Избирачкиот список, посочуваат тие, се констатира дека „Од 2010 година наваму Министерстото за правда и Министерството за внатрешни работи извршија неколку управни проверки на податоците за починатите и за запишаните граѓани. Според МП и МВР, како и Државниот завод за статистика, Избирачкиот список е точен до степен на технолошките капацитети“, при што се укажува дека потребно е само „ревизија на постапките за составување и одржување на Избирачкиот список што ќе придонесе до подигање на јавната доверба во списокот“.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар