Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како покровител на проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски бон-тон)“, денеска ќе присуствува на спортско-културната манифестација што ќе се одржи во општина Валандово.
Проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски бон-тон)“ има за цел промовирање на спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија.
Носител на проектот е Здружението за развојни иницијативи – Геостратешки институт „Глобал“, во партнерство со општините вклучени во неговата реализација – Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и Теарце.