Иванов: Заеднички прифатливо решение за разликите околу името

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов попладнево во Охрид на средба со посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц ја потврди македонската државна позиција и силна посветеност за изнаоѓање заеднички прифатливо решение за разликата околу името, во рамки на воспоставениот формат, под покровителство на Обединетите нации.

„Подготвени сме веднаш, неодложно, да седнеме на маса, да бараме и да најдеме решение. До решение е можно да се дојде. Очекувам од вас да апелирате кај другата страна да се придржува исклучиво до рамката во која се водат разговорите и да не навлегува во други прашања, како што се јазикот и идентитетот“, изјави македонскиот претседател.

Иванов на Нимиц му кажал дека Република Македонија останува конструктивна во процесот, подготвена за средби на највисоко ниво, за разгледување на нови иницијативи и интензивирање на дијалогот. Но истовремено, Република Македонија инсистира на целосно почитување на Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, и во таа насока очекува поддршка и од медијаторот Нимиц, со цел доследност кон меѓународно преземените обврски и прифатените договорни рамки, што е од пресудно значање.

„Очекуваме грчката страна во духот на добрососедството да покаже флексибилност и добра волја со цел создавање позитивна атмосфера, придвижување на процесот и надминување на разликата околу името, прашање кое сами го наметнаа, а чие разрешување е во интерес на двете држави и на двата народа, посочи претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски