Сите обожаватели на холивудската миленичка Гвинет Палтроу досега веќе сигурно се добро запознаени со блогот кој позната актерка го води на страницата goop.com.
Освен што таму ги дели своите кулинарски совети, цртички од патувања, шопинг идеи и предлози за нега на духот и телото, убавата русокоса редовно претставува ексклузивни соработки со познати модни куќи, кои заедно со неа осмислуваат, мали, капсули колекции.
После Метју Вилијамсон и Стела Мекартни, редот дојде на соработка со куќата Loeffler Randall, чија креативна директорката Џеси Рендал во партнерство со Гвинет осмисли три модели на чевли и една кожена чанта.
Чизмите се продаваат од 395 до 695 долари, а чантата со препознатлив Loeffler Randall дизајн својата нова сопственичка ќе ја чини 495 долари.