Откриена „суперземја“

Од:

Јапонски астрономи откриле неверојатна планета чија атмосфера е полна со водена плазма.

Gliese 1214 b, која е оддалечена околу 40 светлосни години од нас, е планета шест пати поголема од Земјата и се вбројува во категоријата на т.н. “суперземји”.

Атмосферата на ова планета е полна со вода, но атмосферската температура се качува и до 280 степени Целзиусови, што во комбинавија со виоскиот притисок на таа планета водата ја претвора во многу необична состојба налик на плазма, пренесува Space.com.

Gliese 1214 b кружи околу ѕвезда која е многу поладна од нашето Сонце, но се наоѓа и на 70 пати помала оддалеченост, што е причина за високите температури на повришната на планетата.

За еден полн круг околу својата матична ѕвезда на планетата и се потребни само 38 часа.

Научниците во јапонскиот Национален опсерваториум го снимиле минувањето на планетата пред нејзината ѕвезда со телескопот Субару, па го измериле светлото преку атмосферата, со што делумно го откриле и нејзиниот состав.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ