(ВИДЕО) Што чита министерот Диме Спасов?

Од:

На министерот за труд и социјала Диме Спасов најголем впечаток од македонските поети му оставил Кочо Рацин, но нема омилена песна од него, а пејачката Викторија Лоба, пак, не се сеќава на првиот роман „Село зад седумте јасени“ од Славко Јаневски.

А1он ги праша македонските јавни личности која им е последна прочитана книга и пред колку време, дали претпочитаат македонска или странска литература, но и дали знаат кој е автор и како се вика првиот роман напишан на современ македонски јазик.

На прашањето „Која Ви е омилена песна од поетот Кочо Рацин“, од министерот за труд и социјала Диме Спасов како одговор добивме топло „Благодарам“, при што замина, не дозволувајќи да му поставиме уште едно прашање.

Претходно, Спасов се пожали дека поради работните обврски, има ограничена можност за читање книги. Како што рече министерот, со македонските поети и писатели повеќе се дружел  во средношколските денови, а последната книга која ја има прочитано е биографијата на Стив Џобс пред околу еден месец.

– Сакам да читам биографии на познати личности, но исто така ме интересираат и добри трилери – изјави Спасов.

Синот на претседателот на Македонија, Иван Иванов последната книга ја прочитал по завршувањето на летото, а не е поврзана со неговото студирање на Правниот факултет. Се работи за книгата „Зен и уметност на поправање мотори“. Притоа, тој истакна дека е љубител на македонската литература.

– Љубител сум на делата на македонските поети и писатели, особено на „Бели Мугри“ од Кочо Рацин и збирката „Дениција“ од Петре М. Андреевски. Не би можел да издвојам посебно некоја песна, бидејќи во нив уживам целосно – изјави Иванов.

За разлика од синот на претседателот кој го знаеше името на книгата и авторот на првиот роман нашишан на современ македонски јазик, пејачката Викторија Лоба изјави: „Не се сеќавам“. Инаку, Лоба чита секаков вид на книги, освен романи.

Како најдобар македонски автор го истакна Сашо Тасевски, за кого рече дека му ги има прочитано сите книги.

Викторија Лоба, Иван Иванов и министерот за труд и социјала Диме Спасов присуствуваа на настанот „Подари книга – подари здравје“ во улога на библиотекари во „Браќа Миладиновци“.
видеото со нив.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Вечерва официјално се затвори МТФ Денови на комедија Куманово 2025 при што се доделија и наградите

Предраг Петровиќ

Објавен е регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година.

Предраг Петровиќ

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ вечерва го затвора 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Боите на фолклорот на Јуруците за мене како кинематографер беа највпечатливи, рече Наум Доксевски

Вчера вечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово се отвори МТФ Денови на комедија 2025 година.

Предраг Петровиќ

Од печат излезе нова книга на Авдулах Рамчиловиќ: “Има време”

„Матица македонска“ го објави романот „Турчинот шахист“ од Шурбатовиќ во превод на македонски јазик