Евертон на првите 6 натпревари од новата сезона немаше пораз, но попладнево го доживеа првиот на гостувањето на Етихад стадионот во Манчестер.
Иако Лукако ги доведе Карамелите во водство во 16. минута, во следниот напад Негредо издначи.
Потоа на сцена стапи Агуеро, со гол во 45 минута и во второто полувреме иако го промаши пеналот, ја погоди стативата, топката несреќно заврши во мрежата на голманот Хауард.