Владата на Мадагаскар воведе полициски час на островот Носи Бе откако толпа луѓе линчуваа, а потоа запалија тела на двајца Европјани и еден локален жител верувајќи дека убиле дете и му одзеле органи.
Владата не соопшти како настрадало детето, но наведе дека ќе провери документи на сите странски државјани во туристичкото летовалиште Носи Бе.
Група луѓе линчуваа Французин и Италијанец и еден локален жител сметајќи ги за одговорни за смртта не детето на возраст од осум години. Полицијата синоќа приведе 14 луѓе осомничени за убиството на тројцата мажи. Таткото на детето изјави дека неговиот син исчезнал пред седум дена. На островот со 40.000 жители, живеат околу 700 Французи.