Артета: Играњето со Озил е уживање

Од:

Играчот од средниот ред на премиерлигашот Арсенал, Микел Артета изрази големо задоволството од потегот на раководството во клубот да биде донесен Месут Озил.

– Озил е еден од најдобрите европски играчи за врска, а по само неколку одиграни натпревари се истакна како важна алка во Арсенал. Среќни сме што е наш соиграч и сите уживаме кога играме со него, а верувам дека и тој е задоволен од новите клупски колеги, изјави Артета.

Тој додаде дека стилот на игра на „Топџиите“ не е драстично сменет, но тоа што е ново кај нив е враќањето на самодовербата, а како што рече заслуга за тоа има и Озил.

Арсенал по шест одиграни кола е лидер на табелата во Премиер лигата со пет победи и само еден пораз.

Медиумите во Англаија не ја кријат имресионираноста од игрите на Месут Озил, за разлика од шпанските колеги кои одлуката на Реал Мадрид за продажба на германскиот репрезентативец ја оценуваат како непромислен потег.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска