Салцбург – идеална есенска дестинација

Од:

Салцбург е идеална викенд дестинација. Преубавата архитектура и еден светски познат жител на овој град сигирно ќе ве натераат да се спакувате и да заминете на пат.

Салцбург е четврт по големина град во Австрија, а се наоѓа на границата со Германија. Салцбург поради архитектурата во минатото често пати го нарекувале „германски Рим“.

Денешниот изглед на градот датира од 16., 17. и 18. век, кога е почната трансформацијата од средновековен во град на барокот. Салцбург воедно е познат и како роден град на Моцарт, а неговите траги се видливи речиси на секој чекор од градот.

Салцбург во светот е познат по Стариот Град, кој благодарение на својата барокна архитектура, се смета за еден од најдобро зачуваните градови северно од Алпите. Од 1996 година, стариот дел на Салцбург е поместен на листата на светско културно наследство во Европа на УНЕСКО.

На планинарење во Салцбург може да се оди на над 120 врвови со над три илјади метри надморска височина, кои можат да се освојуваат или во приватна режија или под стручно водство. Една од атракциите е салцбуршкиот планинарски пат (Салцбургер Аленвег).

Дворец Хелбрун, покрај Салцбург, е летната палата на Маркус Ситикус, со несекојдневни градини. Ова место е совршено за вистинските љубители на природата со недопрена флора и фауна.

Мирабел е дворец, кој се карактертириза со преубави градини, фонтани и статуи на римските и грчките богови, веднаш покрај реката Салцах, а изграден е во 17. век. Најубава просторија во дворецот е сигурно Мермерната дворана.

Салцбуршката катедрала е барокна градба, изградена во 17. век, а е посветена на свети Руперт. Црковите ѕвона се втори по големина во Австрија.

Катедралата е можеби најдобрата појдовна точка за посета на градот, а тука се одржува и Божиќниот саем, еден од најубавите во Европа.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска