Новиот смартфон Нексус 5 на „Гугл“, што на пазарот се очекува до крајот на октомври, ќе го произведува Ел-Џи, ќе се полни безжично и ќе работи на оперативниот систем Андроид КитКет.
Аналитичарите очекуваат ова да биде најмоќниот телефон на пазарот, со три гигабајти работна меморија.
Официјални податоци за карактеристиките не телефонот се уште нема, но сепак познато е дека нема да има надградлива меморија, а ќе биде достапен во неколку верзии со 16, 32 и 64 Гигабајти меморија.
Нексус 5 се очекува да има камера од 13 мегапиксели на задната страна, Квалком Снепдрагон 800 процесор со 2,3 гигахерци и три гигабајти работна меморија. Со овие карактеристики новиот смартфон на Гугл ќе биде најмоќниот смартфон на пазарот.
Според аналитичарите цената ќе се движи од 499 долари, а продажбата се очекува од крајот на октомври.