На минатомесечниот пад на цените на храната влијаел остриот пад на цената на житарки, додека цените на млечни производи, месо и шеќер се зголемиле, соопшти Органзиацијата на ОН за храна и земјоделие (ФАО).
Цените на храната се зголемени за време на летото заради голема суша во САД, но перспективите за опоравување на залихите на житарки на рекордни нивоа направија пресврт во ценовниот тренд оваа година.
Индексот ФАО кој покажува месечно движење на светските цени на основните прехранбени производи бил во септември 199,1 поен што е за околу еден отсто пониско од август – 201,4 поени.
Тој индекс во изминатите пет месеци беше до опаѓање, но во септември има најниско ниво од септември 2010 година.
– И понатаму има место за намалување на цените, но не и за некакво позначајно намалување, вели Абдолреза Абасијан економист во ФАО. На 7 октомври ФАО во Рим би требало да имаат состанок на кој ќе се разговара за колебливите цени на храната.