ФОРБС: Ова се идните милијардери

Од:

Секоја година списанието Форбс ја објавува листата со милијардерите во светот. Оваа година во светот имало 1 426 милијардери , што е за 200 повеќе од минатата година. Сепак има уште една листа, тоа се оние богати луѓе кои се на чекор од станување милијардери. ова се деветмината кои догодина најверојатно ќе бидат дел од најбогатите според Форбс.

9 .Бупендра Кумар Моди – 755 милиони долари

Тој е од Сингапур и е сопственик на Spice Group – конгломерат , со бизниси во различни сектори како финансиски услуги , шоу бизнис , мобилни телефони и др . Поседува имоти во Сингапур и Индија. Иам додипломирано на University of Southern California .

8 . Оеи Хонг Леонг – 765 милиони долари

Уште еден мултимилионер од Сингапур . Тој е син на индонезискиот милијардер Ека Џипта Виџаџа . Тој е се збогатил благодарение на разумни инвестиции. Направил милиони откако ја купил и потоа продал 21 % од Intraco , компанија која тргува со пластика и метал.

7 . А Велан – 805 милиони долари

Тој е претседател на индиската Murugappa Group . Групата има активности во областа на осигурувањето, пестицидите , автомобилски делови и др . Таа има 32 000 вработени и постои од 1900 година. Вален има завршено индустриска администрација во Aston University во Велика Британија и има магистратура на University of Warwick Business School .

6 . Тан Бои Ти – 855 милиони долари

Тој е од Сингапур и се збогатил во бродската индустрија. Во 1978 година ја основа Labroy Marine . Во 2008 година , само 30 години по нејзиното основање ја продаде за 700 милиони долари. Тој има удели во многу други компании , како 15% во сопственост во Brothers Holdings .

5 . К. Динеш – 870 милиони долари

Тој е еден од основачите на софтверскиот гигант Infosys . Компанијата е основана во 1981 година , а приходите од неа се над 7 милијарди долари . Таа има над 157 000 вработени во целиот свет , а профитот за 2013 година е 1,72 милијарди долари .

4 . Бриж Бушан Сингал – 890 милиони долари

Тој е претседател на Bhushan Steel . Компанијата е основана во 1987 година и произведува градежни материјали . Минатата година заработи од оваа компанија 1.32 милијарди долари .

3 . Виџаи Мала – 900 милиони долари

Тој е претседател на UB Group . Компанијата има различни бизниси – фармација , производство на пиво , биотехнологија и информациски технологии. Тој беше избран за претприемач на годината во Азија , иако има многу критичари за доделувањето на ваквата титула.

2 . Ану Ага – 935 милиони долари

Таа е поранешен претседател на индиската компанија Thermax Ltd , која е присутна во 75 земји во светот . Основана е во 1980 година и произведува климатизери , бојлери и др . Таа се повлече од функцијата претседател во 2004 година , за да и го отстапи на својата ќерка. Во моментов се занимава со добротворни активности и е лице е на Teach for India .

1 . Анураг Дикшит – 980 милиони долари

Тој е еден од најважните луѓе во Partygaming и има голем удел во неа . Иако сопственик е Рут Парасол , Дишкит ја има креирано програмата , која им овозможува на играчите да играат едни со други покер.

Извор: Фактор

Би можело да ве интересира

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Маск првпат се најде на врвот на светската листа на Форбс за најбогати во светот

А1он

„Бинанс“ вложува 200 милиони долари во Форбс

А1он

Меркел им отстапи место на највлијателните жени според „Форбс“, првпат по 11 години

А1он

Роналдо е најплатениот фудбалер во светот оваа сезона

„Форбс“: Богатството на Маск се зголеми за околу 10 милијарди долари

Катерина Ѓуровски