ДУИ бара одговори од власта: Која била одговорноста на агенцијата „Рубикон“ при обезбедувањето на „Пулс“?

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) бара целосна транспарентност од владата и Министерството за внатрешни работи во врска со активностите и одговорноста на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ во трагичната ноќ во Кочани. Оваа агенција, блиска до владејачката партија, била одговорна за безбедноста на кабарето во Кочани во ноќта кога се случи трагедијата што одзеде 59 невини животи, велат од ДУИ.

– Затоа, владата има обврска да и даде на јавноста јасни одговори: Кои се другите клиенти на „Рубикон“? Дали имале регуларни безбедносни договори и лиценцирани обезбедувачи? Дали МВР некогаш извршило инспекција или контрола врз оваа агенција? Дали оваа компанија се штити поради нејзините врски со власта? Дали е вистина дека агенцијата уценува компании да ја ангажираат, повикувајќи се на нејзината блиска поврзаност со високи партиски авторитети? Наместо да ја користи правдата за да ги напаѓа политичките противници, владата треба да преземе одговорност за своите неуспеси и за оние кои навистина се одговорни за оваа трагедија. ДУИ бара целосна, непристрасна и праведна истрага за овој случај, како и одговорност од сите кои дозволиле да се случи ваква ситуација. Граѓаните ја заслужуваат вистината, а не политички игри и прикривање на скандали, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на „Пулс“ останува во притвор во Куманово, газда „Деко“ има забелешки за затворскиот душек и честите претреси

Обвинетиот Милковски од аферата „Пулс“ вели: Јас не можам да се борам со животот, немам сили да доаѓам на судење

Продолжува процесот за пожарот во „Пулс“, се сослушуваат сведоци на Обвинителството

Граѓаните од денеска ги преземаат личните работи од трагедијата во „Пулс“

Одобрени се обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани и за злоупотреби со ИПАРД

Тринаесет полициски службеници ќе одговараат за пожарот во Кочани