Штипската општина легализираше над 45 проценти од дивоградбите

Од:

Општина Штип легализираше над 45 проценти од дивоградбите, доградбите и надградби на објекти, информира Драган Ристов, портпарол на Општина Штип.

Ристова подвлече дека во моментов во процедура се и 1.688 комплетни барања за легализација на дивоградби.

– Како што е познато, во законски утврдениот временски рок, во Штип беа пријавени 10.467 дивоградби од кои до сега позитивно се решени 4.159, додека за 4.620 предмети постапката е прекината. Тоа е затоа што граѓаните немале еден од основните три документи, кои беа барани, а најчесто станува збор за изготвени елаборати, вели Ристов.

Во текот на изминатите три месеци администрацијата во Општина Штип решила 506 предмети за легализација. Ристов апелира граѓаните да ги комплетираат барања, со цел службите да ја почнат постапката за легализирање на нелегално изградените објекти.

Би можело да ве интересира

Се гаси пожарот на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?