Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи да го назначи поранешниот командант на морнарицата, пензионираниот вицеадмирал Ели Шарвит за нов директор на домашната разузнавачка служба Шин Бет, соопшти денеска кабинетот на премиерот.

Шарвит ќе го замени Ронен Бар како шеф на Шин Бет, кој беше официјално разрешен од неговите должности од владата на почетокот на овој месец, пишува Тајмс оф Израел.

Сепак, Бар ќе остане на својата позиција поради привремената забрана против негово разрешување издадена од израелскиот Врховен суд.

Би можело да ве интересира

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

По изборите во Израел, Ајзенкот најави смена на Нетанјаху

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Нетанјаху најави најголема воена операција на Западниот Брег уште од 1967 година

А1он

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада