Јаревски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред за употреба на пиротехнички средства во затворен простор

Од:

Изминатава недела бевме посветени на изнаоѓање на решенија кои во иднина нема да дозволат да ни се случат нови трагедии или хаварии.

За оваа цел, по скратена постапка го менуваме законот за јавен ред и мир, кој ќе создаде нови механизми за воведување ред, заштита и поголема безбедност за секого.

Предлог законот го стеснува обрачот околу оние кои создаваат ризици преку злоупотреба и незаконско користење на пиротехнички средства, особено во затворен простор, рече Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Се заострува регулацијата за приредување огномет, факелијада и слични приредби на кои се користат експлозивни материи.

Се заоструваат и казните за правни и физички лица кои ќе ги прекршат одредбите од овој закон. Дел од казните се двојно повисоки, а за некои, законот предвидува и притвор.

Преку ова законско решение ги прошируваме и надлежноста на полицијата. Механизам преку кој ќе овозможиме поголема контрола при користење на експлозиви, како и побрзо и поефикасно спроведување на овој закон.

Ова е само едно од законските решенија со кои ќе направиме значајни подобрувања за зголемена безбедност. Во периодот кој следи, во Собранието ќе се поднесат и други предлози кои се подготвуваа изминативе 2 недели.

Ги повикувам сите мои колеги пратеници, без разлика на политичката припадност, да го поддржат овој предлог-закон, бидејќи станува збор за суштинска промена која не засега сите.

Ја охрабрувам и пошироката јавност, активно да се вклучи во дискусијата и да даде свои сугестии, заедно да донесеме подобри закони и решенија, за да создадеме подобро и побезбедно општество за сите нас, рече Јаревски.

Би можело да ве интересира

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина – целосно ќе се проверат сите индиции, одговорност ќе има

Мицкоски: Од 1 октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет

Предраг Петровиќ

Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и Хуманитарно здружение “Мајка”

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС