(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Деца загинаа во манастир за време на разорниот земјотрес во Мјанмар

Од:

Разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што утрово го погоди Мјанмар предизвика уривање на манастир, во кој имало и деца. Според локалните медиуми, децата загинале кога зградата се урнала врз нив.

Ова е манастирот Велуван во градот Таунгу. Според мештаните, во манастирот имало шест деца, а се стравува дека сите се мртви.

“Меѓу загинатите има деца. Манастирот беше дом на луѓе кои беа насилно раселени од своите домови. Има многу повредени. Спасувачите се таму и помагаат”, изјави локален жител.

Да потсетиме, во земјотресот се урна и џамијата, додека верниците се молеа внатре. Се верува дека загинале повеќе од три лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово