Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Од:

Турските власти го уапсија Мехмет Пехливан, адвокат на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, изјави Туран Таскин Озер пратени од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).

Пехливан, кој го бранеше Имамоглу во последната истрага, беше уапсен „на измислена основа“, напиша на интернет пратеникот Озер, објави Ројтерс.

Подоцна весникот „Хабертурк“ објави дека Пехливан е уапсен под обвинение за „перење пари стекнати со криминални активности“.

Министерствата за внатрешни работи и за правда не одговорија на барањата за коментар.

Имамоглу, кој беше привремено сменет од функцијата поради случајот, повика на итно ослободување на неговиот адвокат.

Опозицијата, организациите за човекови права и западните сили тврдат дека случајот против Имамоглу е политички мотивиран, за да се елиминира потенцијалната закана за Ердоган на изборите.

Во меѓувреме, денеска беа уапсени и двајца новинари кои известуваа за антирежимски протести, додека турскиот суд претходно ослободи седум новинари кои претходно беа затворени поради „учество во нелегален марш“.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија