Изет Меџити го крие труењето на народот со олово, арсен и цијанид во Крива Река, велат од Левица

Од:

Излевањето на токсичен рударски отпад во Крива Река од рудникот „Тораница” е директен резултат на криминалната спрега меѓу власта и бизнис-елитите! Независните анализи потврдија алармантни концентрации на тешки метали: олово, арсен и цијанид кои претставуваат сериозна закана за здравјето на жителите и животната средина, но институциите прават сè за да го прикријат злосторството, велат од Левица.

„Министерот за животна средина, Изет Меџити, не само што ја дозволи оваа катастрофа, туку и се обиде да ја заташка, тврдејќи дека станува збор само за „заматување на водата”. И за жал, за очекување е, „Булмак 2016”, компанијата која управува со рудникот, да продолжи со работа како ништо да не се случило. Во реалноста, рударските компании под контрола на ДПМНЕ, ја трујат реката со опасни хемикалии, а државата не презема ништо! Напротив таа е соучесник. На чело на рудниците во Крива Паланка (Тораница) и Пробиштип (Добрево) стои Тони Тоневски – Тозо, поранешен градоначалник на Пробиштип од ДПМНЕ и актуелен претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Пробиштип. Тоневски не е обичен управител, менаџер – тој е директно назначен од премиерот Христијан Мицкоски, како дел од партиската шема за контрола на рударската индустрија.

Овде не станува збор за изолиран инцидент. Со години истите луѓе кои управуваат со овие компании профитираат од експлоатацијата на природните ресурси додека народот и животната средина страда. Наместо државните институции да ги заштитат граѓаните – тие служат како послушен сервис за бизнис интересите на рударските концесионери. Ова е еколошки и криминален скандал што бара итна одговорност, но институциите се целосно распаднати и ставени во служба на партиските интереси. Системот што ДПМНЕ и СДС го градат со децении, денес е во тотален колапс – корумпиран, неспособен и потчинет на бизнис-елитите. Додека тие владеат, ваквите катастрофи нема да бидат исклучок, туку правило. Бараме итно повлекување на раководителот Тони Тоневски-Тозо од сегашната функција и истрага која би ја воспоставила неговата улога во труењето на реките. Дополнително, бараме драконски казни за концесионерите „БУЛМАК 2016” кои соодветствуваат на сторената штета. Се помалку од ова би било продолжување на политиките кои доведуваат до вакви катастрофи“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, институциите потфрлиле

Левица: Недозволиво е Мицкоски да ја сведува државната реакција на флаширана вода и префрлање одговорност за Гостивар

А1он

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

Левица: Европската престолнина на културата претставена со „Св. Сава“ и Букефал со пет нозе – Орце продолжува да го брука Скопје

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него