ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Од:

Повлекувањето на сите руски сили од Украина е еден од главните услови за укинување или измена на санкциите на ЕУ против Москва, изјави денеска портпаролот на Европската Комисија.

„Крајот на неиспровоцираната и неоправдана руска агресија во Украина и безусловното повлекување на сите руски воени сили од територијата на цела Украина ќе биде еден од главните предуслови за измена или укинување на санкциите“, рече портпаролот.

Земјите од Европската Унија обновија два сета санкции кон Русија за уште шест месеци кон крајот на јануари и почетокот на овој месец, а за секоја промена на санкциите е потребно едногласност меѓу 27-те земји-членки на блокот, пренесува Ројтерс.

Соединетите Држави постигнаа посебни договори со Украина и Русија во вторникот со кои се договорија двете земји да ги прекинат нападите на море и на енергетски цели, додека Вашингтон се залага за укинување на санкциите кон Москва.

Русија во вторникот соопшти дека Соединетите Држави се согласиле да помогнат во укинување на западните санкции и ограничувања за прехранбени, ѓубрива и бродски компании како предуслов за договор за поморска безбедност во Црното Море.

Дипломати изјавија за Ројтерс дека повеќето ограничувања наведени од Кремљ се однесуваат на санкциите и ограничувањата на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on