СДСМ: Истрагата за трагедија во Кочани е селективна и насочена исклучиво кон поранешни функционери

Од:

Трагедијата во Кочани во која загубивме 59 млади животи и ја потресе целата држава повикува на неселективна, темелна и сеопфатна истрага која ќе го утврди целиот синџир на одговорност. Секој за кој што ќе се утврди дека има одговорност – без разлика дали се работи за поранешен или актуелен функционер – мора да одговара пред лицето на правдата. Сепак, со загриженост гледаме на досегашниот тек на истрагата. Сите анализи упатуваат на впечаток дека досегашниот тек на истрaгата е селективна и насочена исклучиво кон поранешни функционери и службеници. Досега, ниту еден актуелен функционер не е опфатен, иако трагедијата се случи токму во време кога тие биле на одговорни позиции, велат од СДСМ.

„Селективна правда не е правда. Зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата за Кочани? Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на ДПИ се опфатени со истрагата поради наводно непостапување. Но, логично се наметнува прашањето: зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски, не е дел од истрагата? Зарем не е должен да одговори за надлежностите на ДПИ и работата на инспекциските служби пред и во моментот на трагедијата?

Дополнително, зошто не се испитуваат одговорните лица кои биле на позиции од МВР, односно командирите, инспекторите и раководството на ОВР Кочани и СВР Штип, кои по закон биле обврзани да го обезбедат настанот? Како е можно да се игнорираат оние кои вечерта биле на дежурство, на позиција и со законска обврска да дејствуваат – но не го сториле тоа? Нема одговори на прашањата дали е точно дека сите седум приведени вработени во МВР не биле на функции во ноќта на трагедијата? Овие прашања се легитимни и надлежните институции – Јавното обвинителство и МВР не смеат да молчат. Вистинска правда не може да има без целосна и неселективна истрага“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: И по една година, Мицкоски уште сече ленти на инвестиции на СДСМ

Горан Наумовски

Шест пациенти кои беа повредени во „Пулс“ денеска се враќаат од Србија и од Италија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Илиевски: Нов скандал во министерството на Андоновски, тендер добиле родители на негов вработен

ДУИ бара одговори од власта: Која била одговорноста на агенцијата „Рубикон“ при обезбедувањето на „Пулс“?

Горан Наумовски

Нема промена во бројот на хоспитализирани од пожарот во Кочани, подобрена состојбата на двајца кои се лекуваат во Солун

Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми