Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Од:

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабока загриженост и го осудува вчерашниот инцидент во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, во кој што избеган маж од Психијатриската болница во Демир Хисар пукаше и повреди вработена службеничка. Повикуваме на итна и темелна истрага за да се утврдат околностите и да се лоцира одговорноста за настанот, изјавува Бобан Јанкоски, член на Извршниот одбор на ЛДП.

Јанкоски истакнува дека безбедноста на граѓаните и вработените во јавните институции мора да биде приоритет и побара зголемени мерки за безбедност во ваквите установи.

„Дополнително, во рамки на заложбите за децентрализација, ќе предложиме центрите за социјална работа да се префрлат под надлежност на општините, со цел да се подобри нивната ефикасност и безбедност. Вработените во овие центри се изложени на секојдневни притисоци, закани и стресни ситуации, што резултира со зголемен број откази од работата“, додава Јанкоски.

ЛДП повикува на системски реформи за да се обезбедат подобри услови за работа и заштита на вработените во овие установи.

Истовремено, Јанкоски во име на партијата изрази поддршка за повредената службеничка и нејзиното семејство, посакувајќи ѝ брзо закрепнување.

Би можело да ве интересира

ЛДП ќе бара итна средба со премиерот за јасна стратегија и поддршка во евроинтеграциите

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

ЛиДеМ: Една генерација зборува, друга страда – ќе слушнеме ли конечно?

Предраг Петровиќ

ЛДП: Алармантна е состојбата во Градскиот парк

Катерина Ѓуровски

ЛДП: Граѓаните добиваат моќ:,Владата ја прифаќа нашата иницијатива за референдумско отповикување

Почина Филип Аврамчев