Авион од САД за Кина морал да се врати на половина пат бидејќи пилотот не го носел пасошот

Од:

Авион на Јунајтед ерлајнс кој летал од Лос Анџелес за Кина бил принуден да се врати во САД два часа по полетувањето, откако било откриено дека еден од пилотите не носел пасош.

Авионот со 257 патници и 13 членови на екипажот полетал од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во 14 часот во саботата по локално време и се упати кон северозапад. Планот беше да се прелета преку Тихиот Океан до Шангај.

Меѓутоа, два часа подоцна, авионот се свртел и се упатил кон Сан Франциско, каде што слетал околу 17 часот, пишува порталот FlightAware.

– Договоривме нова екипа која ќе ги однесе патниците до нивната дестинација таа вечер. Патниците добија ваучери за оброци и компензација“, соопшти авиокомпанијата.

Новиот екипаж полетал околу 21 часот и слетал во Шангај околу шест часа подоцна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Британија: Авион се запали во воздух, пилотите се катапултираа пред падот

(ВИДЕО) Тепачка во авион, патниците мораа насилникот да го врзат со селотејп

Американски шпионски авион „исчезна“ за време на патрола во близина на Русија

Германските истражители идентификувале двајца осомничени за нападот со дрон во Лајпциг: Трагите водат кон Русија

Авион принудно слета во Белград: Во тоалет е пронајден мртов патник

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка