Додик: Буквално сме принудени да се бориме за нашата слобода, немаме друга опција

Од:

Република Српска се бори за својата слобода, принудена е на тоа и нема друга опција, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

„Република Српска се бори за слобода. Окупирани сме од длабоко вкоренет систем кој е надвор од законот, кој нема никаква врска со владеењето на правото и ги нарушува нашите права, кои ни ги лишува“, рече Додик, нагласувајќи: „Буквално сме принудени да се бориме за нашата слобода, немаме друга опција.

Во оваа насока, потенцира Додик во изјава за Раша тудеј, дека „нашите амбиции не одат подалеку од Република Српска“.

„Имаме право да управуваме со нашата територија и да ја гледаме Република Српска како наша држава. Нашите права може да ги поддржи секој на кој било начин. Ја поддржуваме Република Српска како држава со територија, народ, извршна власт и соработка со другите актери ширум светот, рече Додик.

Претседателот на Република Српска истакна дека токму тоа го дефинира карактерот на Република Српска.

– Ја сакаме, живееме за неа и се бориме за нејзината слобода, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

Додик: Република Српска не го загрозува мирот во Босна и Херцеговина, се друго е лага

Дачиќ: Додик и Стевандиќ се државјани на Србија

Горан Наумовски

Додик: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Горан Наумовски

Судот на БиХ побара распишување меѓународна потерница за Додик

Катерина Ѓуровски

Судот му ја прати пресудата на Додик, има рок од 15 дена да се жали

Горан Наумовски