Кои се најбизарни барања на туристите?

Од:

Британскиот сајт LastMinute.com ги откри „најлудите“ барања на туристите, кои нивните вработени честопати ги прават, во најмала рака, збунети.

Меѓу нив е и барањето на еден турист од штала во Доминиканската Република да се исфрли еден коњ, затоа што му оставил „црвен задник по јавањето“, а како доказ за тврдењето испратил и фотографии.

Втор, пак, се пожалил дека нијансаата на завесата во хотелската соба „не е во тон“ со прекривката на креветот.

Повеќе пати се јавувале љубоморни момчиња, барајќи хотелскиот аниматор да добие отказ. На сите им пречело тоа што ги гледал нивните девојки.

Од друга страна, имало и такви кои на патувањето им цветале рози и кои со мејл од сајтот го барале телефонскиот број на убавата девојка која ја запознале на летувањето, но не можеле да се сетат каде и кога.

Имало и такви кои во рамки на цената сакале да добијат бесплатно садење цвеќе и информации за температурата на морето во Маракеш.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска