Истрага за трговија со дрога против три лица

Од:

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, бидејќи постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, двајца жители на селото Стојаково и еден од Валандово, учествувале и посредувале во продажба на околу 5 килограми марихуана која ја набавил првоосомничениот.

Три килограми од дрогата се договориле да ја продадат на купувач – грчки државјанин за сума од 9.000 евра. При обид да ја продадат дрогата на локација во Дојран, полициски службеници ги затекнале. На лице место биле уапсени двајца од осомничените, додека третиот се дал во бегство, но набрзо и тој бил приведен.

Дополнително, во близина на Богданци е пронајдена преостанатата дрога која им била наменета за продажба.

Со образложение дека осомничените би можеле да се дадат во бегство, да ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците или соучесниците, да ги сокријат или да ги уништат трагите од кривичното дело, но и дека ќе го повторат делото за кое се гонат, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за сите тројца осомничени.

Би можело да ве интересира

Во дворот во куќа во Ајватовци садел канабис, во спалната имал комора за сушење

Катерина Ѓуровски

Обвинителството ги проверува причините за пожарот и складирањето на отпадот, увидот е во отежнати услови

Увидот за причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре, Обвинителство бара и продолжување на притворот за нови 48 часа на четворицата опфатени во постапката

Убиецот од Велес добил условна за насилство над Росица, пет дена потоа ја уби

Катерина Ѓуровски

Заедно пиеле, па го претепале до смрт – обвинение за двајца скопјани

Притвор од 48 часа за четворицата приведени за пожарот во Трубарево бара Обвинителството