Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Од:

Француската влада планира на сите домаќинства да им испрати „прирачник за преживување“ со упатства што да прават во случај на вооружен конфликт, природна катастрофа или здравствена криза, јавуваат француските медиуми.

Иако прирачникот не ја спомнува Русија или војната во Украина, претходно овој месец францускиот претседател Емануел Макрон ја предупреди нацијата за „руската закана“ со која се соочува Европа додека САД постепено се повлекуваат од континентот.

Доколку предлогот биде одобрен, брошурата ќе биде испратена пред летот и ќе содржи информации слични на оние што веќе се наоѓаат на владината веб-страница објавена во 2022 година.

Таму има графички водич со упатства за тоа што да се спакува во комплети за итни случаи: најмалку шест литри флаширана вода, конзервирана храна, батерии и батериска ламба, медицински прирачник, радио на батерии, основни алатки, топла облека, полначи за телефон, готовина, фотокопии од документи итн.

Германија, исто така, спроведе слични мерки, со вежба минатата година за тестирање на подготвеноста на војската и цивилите. Како и во Франција, германските мерки се однесуваат на различни закани, вклучувајќи пандемии, природни катастрофи и напади.

Би можело да ве интересира

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он

Франција се подготвува за нов хаос: Сè е затворено, распоредени 70.000 полицајци

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Француската полиција одлучи: Полицискиот час се продолжува до понеделник

Три безживотни тела пронајдени во куќа во Франција, меѓу жртвите и двегодишно дете