Зеленски бара пет милијарди евра од ЕУ

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски продолжува со интензивните дипломатски активности.

Зеленски нагласи дека „од суштинско значење е европската поддршка за Украина да не опаѓа, туку да продолжи и да се зголемува.

Тој особено ја нагласи потребата од зајакнување на противвоздушната одбрана и дополнителни средства за артилериска муниција, за што побара од ЕУ 5 милијарди евра.

„Се што е потребно за заштита на континентот мора да се произведува овде, во Европа. Мораме да работиме на ова заедно“, рече тој.

Тој додаде дека Европа може да го искористи искуството на Украина во користењето беспилотни летала и електронското војување за своја одбрана.

Украинскиот претседател ја повика и ЕУ да не го намалува притисокот од санкциите врз Русија.

„Санкциите мора да останат во сила додека Русија не почне да ги повлекува своите трупи од нашата територија и целосно не ја надомести штетата предизвикана од нејзината агресија“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека разговорите за прекин на огнот не смеат да доведат до слабеење на санкциите и намалување на меѓународниот притисок врз Москва.

Би можело да ве интересира

Песков: Режимот во Киев е виновен за трагедијата во Украина

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Бројот на жртви во рускиот напад врз Киев се искачи на 24, меѓу нив има и три деца

60 дена притвор за поранешен шеф на кабинетот на украинскиот претседател

Се зголемува бројот на жртви од рускиот напад врз Киев, 40 се повредени

Атина предупредува: Нема да толерираме ширење на војната во Украина кон Медитеранот