Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Од:

Националниот џез оркестар, откако претходно го одложи концертот на португалската пејачка Мариа Мендеш, соопшти дека истиот сепак ќе се одржи, но со хуманитарна цел. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите и повредените во Кочани.

Како што е најавено, концертот ќе се одржи на 25 март.

– Ве известуваме дека концертот на Мариа Мендеш и Националниот џез оркестар кој беше претходно откажан, сепак ќе се одржи, но овој пат со хуманитарна цел. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите и повредените во Кочани. Во холот ќе бидат поставени и кутии за донации во кои ќе може дополнително да се донираат средства, се вели во објавата на установата на нивната фејсбук страница.

Би можело да ве интересира

Ново издание на месечните „Кино средби“ на Францускиот институт Скопје во Кинотеката

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

Поминаа 19 години од последниот концерт на Тоше Проески

А1он

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг