Експертски тим ќе утврдува од што почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми

Од:

Ведат Адеми, роден во 1992 година. Почина на 17.03.2025 година. Според сведоштвото на татко му – од анафилактичен шок во болницата во Куманово по примена терапија, иако во здравствена книшка стои дека е алергичен на аналгин.

Ова меѓудругото го пишува во објавата на социјалните мрежи за смртта на кумановецот за кој денеска изјава имаше и министерот за здравство, Арбен Таравари.

„Јас сум на првата линија на кочанската трагедија и срцето ми е скршено деновиве, а за Ведат беше уште еден удар… Изразувам сочувство до семејството! Ја чувствувам болката на неговиот татко, кој со свои нозе го однел синот во болница! Го разбирам неговиот револт кон докторот за кој се сомнева дека направил лекарска грешка! Наредив експертски тим од Министертвото за здравство да ги разгледа сите факти и доколку тоа се докаже, ги повикувам правосудните органи строго да го спроведуваат законот! Без никаков компромис бидејќи грешките ни ги земаат најскапоцените работи…“, додава Таравари.

Би можело да ве интересира

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски