Пеколна ждрепка за Новак Ѓоковиќ

Од:

Организаторите на Мастерсот во Мајами ја објавија ждрепката за турнирот оваа сезона.

Новак Ѓоковиќ e слободен во првото коло, а во второто ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Хамад Меѓедовиќ и Ринки Хиџиката.

Потенцијален дуел со Даниил Медведев или Стефанос Циципас е во четвртфиналето, а со Карлос Алкараз во полуфиналето.

Новак во третото коло би можел да се соочи со Алекс Микелсен, а во осминафиналето веројатно Феликс Огер-Алиасиме или Лоренцо Музети.

Алкараз по прескокнувањето на првото коло би можел да се соочи со Александар Вукиќ или Давид Гофин, додека првиот носител Саша Зверев ќе стартува против победникот од дуелот меѓу Бенџамин Бонзи и квалификант.

Во германската половина од ждрепката се и Тејлор Фриц, Џек Дрејпер, Алекс де Минор, Андреј Рубљов…

Третиот српски претставник Миомир Кечмановиќ натпреварувањето го започнува од Александар Ковачевиќ. Ако е успешен, оди на дуел со Каспер Руд.

За потсетување, во женска конкуренција Олга Даниловиќ во првото коло на турнирот во Мајами ќе игра против Американката Хејли Баптист.

Турнирот е закажан за 19 до 30 март. Даниел Колинс ја брани титулата во женска конкуренција, додека суспендираниот Јаник Синер нема да може да ја одбрани титулата кај мажите.

Би можело да ве интересира

Новак Ѓоковиќ е елиминиран од Мастерсот во Париз

Ѓоковиќ: Јас сум патриот, но секогаш го претставував народот – не владата

А1он

Ѓоковиќ собори рекорд на Федерер

А1он

Ѓоковиќ против Ембер во првото коло на турнирот во Базел

A1on

Ѓоковиќ e елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД

Ѓоковиќ: Сè уште се надевам дека ќе можам да стигнам до следните Олимписки игри

А1он