Распишана потерница по Додик

Од:

Судот на Босна и Херцеговина најпрво издаде централна потерница за претседателот на Република Српска Милорад Додик, претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ и премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ.

Централната потерница ја распиша Граничната полиција на БиХ, по налог на Судот на БиХ, откако Додик, Стевенадиќ и Вишковиќ не одговорија на поканата што требаше да биде сослушана од Обвинителството на БиХ, кое ги сомничи за „напад врз уставниот поредок на БиХ“, за што судот автоматски им одреди притвор.

По распишувањето на централната потерница, известени се сите полициски агенции во БиХ и, согласно законот, се обврзани да ги приведат Додик, Вишковиќ и Стевандиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Додик со песна ја прослави победата: “Само тако, само тако…“

Катерина Ѓуровски

„Сакавте да се ослободите од Додик, а добивте двајца“ – хаос по изборите во Република Српска

Република Српска утре го избира наследникот на Додик

А1он

Додик: Мирот се зачувува преку почитување на Дејтонскиот договор, а не преку диктатура и политичко насилство

Горан Наумовски

Додик: Доаѓа време кога позицијата на Република Српска ќе се подобри уште повеќе

Уставниот суд ја отфрли жалбата на Додик

А1он