Филипче: Власта нема желба да ги покачи платите, затоа партиски го напаѓа Синдикатот

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конфренција, потенцираше дека Владата намерно ги политизира барањата на Синдикатот, со цел да се одвлече вниманието од фактот дека немаат капацитет и желба да ги зголемат платите на работниците.

-Да се стави партиско обележје на една таква активност е недозволиво и недемократски, затоа што Синдикатот е репрезент на работниците и нивните реални барања. Сега кога работниците укажуваат дека тешко се живее, дека се потребни три минимални плати за да се обезбеди една потрошувачка кошничка, очигледно е дека има проблем, истакна Филипче, нагласувајќи дека оваа Влада не прави ништо за да ги подобри условите за живот на граѓаните.

Тој ја оцени актуелната владина тенденција како многу опасна, бидејќи наместо да ги решава економските проблеми, таа секое незадоволство го претставува како политички мотивирано.

-Тоа значи дека Владата ќе му фрли партиско обележје на било кое барање на било која група на луѓе, иако тие имаат реални проблеми што таа треба да ги реши. Наместо да реагира со решенија, Владата ги напаѓа барањата на работниците, – порача Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека неспособноста на Владата да ги зголеми платите е резултат на нејзините лоши економски политики, кои дополнително се потврдени и од Меѓународниот монетарен фонд.

-Лошите економски политики, лошите предвидувања, слабата реализација на капиталните инвестиции – помалку од 3% во првите месеци – и одливот на работна сила се јасен показател дека Владата е лош менаџер. Можеме да очекуваме само дополнителни кризи, предупреди Филипче.

Тој потсети дека додека СДСМ ја водеше Владата, континуирано се работеа политики за зголемување на платите и подобрување на квалитетот на животот на работниците.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

Платформа за рударство во облак EiCrypto, која ви овозможува да заработувате 3.400 долари дневно користејќи Bitcoin (BTC), Ethereum (ETH) и USDT

Предраг Петровиќ

„И Здравје и Работа“: Европското искуство покажува дека може „и екологија и рударство“

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Постигнат договор: Венецуела ќе врати 31 тон златни резерви