Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време на неговото сведочење на судењето за корупција, побара од судијата да му даде повеќе време да ја изнесе својата одбрана, по што тој тресна со раката на масата, поради што судијата му нареди да го намали гласот.
Нетанјаху ги критикуваше државните обвинители, велејќи дека тие „живеат во алтернативен универзум“, обвинувајќи ги дека „му го прават животот пекол“, пишува „Тајмс оф Израел“.
На прашањето на неговиот адвокат за наводниот поткуп на информативната веб-страница „Вала“ за да се објави приказната за семејната посета на гробот на братот на премиерот, Нетанјаху негираше вмешаност.
– По 10 години можам да го кажам ова – толку многу работи овде се апсурдни, но како тоа е вклучено во обвинението? Обвинението овде функционира во друга насока, а не против мене – рече тој.
Судијата потоа го предупреди да побрза и да прескокне да одговори на некои од ставките на долгиот список со повеќе од 300 наводни случаи за поткуп на весници, протестираше Нетанјаху, жалејќи се дека случајот трае 10 години и дека треба да му се даде повеќе време за детално да се спротивстави на наводите.
– Обично сум многу воздржана личност, но тука има една неприфатлива работа. Ни ги одзедоа животите и ги уништија. Во моментов ја извршувам функцијата премиер. Доаѓам овде двапати неделно. Но, јас го заслужувам правото да ги разоткривам овие апсурдни (наводи) и да покажам дека се е засновано на целосна лага. Има злонамерна непромисленост од страна на истражителите кои не ме проверија и не ме испрашуваа (за одредени наводи). Ова не може да оди тивко – рече тој.
За време на презентацијата, тој неколкупати удри со раката на масата, по што беше предупреден од судијката Ривка Фридман-Фелдман да го намали тонот.
Судењето на премиерот на Израел започна во 2020 година и тој е обвинет за поткуп, измама и нарушување на довербата.
Нетанјаху ги негира сите обвиненија.