Семејното насилство причина за се поголем број абортуси

Од:

Здравствените работници би требало да бидат свесни за можната поврзаност меѓу абортусот и семејното насилство, предупредуваат експертите во извештајот, објавен во британското стручно списание „Obstetrician and Gynaecologist“.

Во извештајот се наведува дека значителен број жени, кои бараат абортус, се во насилна врска. Една од три такви жени наведува дека била жртва на семејно насилство.

Авторите на извештајот сметаат дека е потребна повисока свест за насилството во семејството и тврдат дека нивното истражување ја истакнува потребата за поддршка на жените, кои сакаат да ја прекинат бременоста, а кои се во врска со насилен партнер.

Триесет отсто од жените, кои по втор пат се одлучуваат за абортус навеле дека биле во насилна врска, а жените, кои имале три или повеќе абортуси 2,5 пати почесто се жртви на психичко или сексуално злоупотребување од страна на партнерот.

Лидерот на истражувачкиот тим др. Гилиан Астон од Средното училиште за медицински сестри „Флоренс Најтингел“ во Лондон изјави дека „абортусите поврзани со насилството во семејството се сериозен општествен и здравствен проблем, на кој недоволно му се посветува внимание“.

Експертите проценуваат дека годишно во светот се извршуваат околу 46 милиони абортуси, што варира во зависност од тоа за која земја станува збор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска