Мал авион исчезна над Словенија

Од:

Податоците на Flightradar24 покажуваат дека мал авион Mooney Ovation M20R кој полетал недалеку од Загреб исчезнал нешто по 8 часот во областа Велика Планина.

24.ur пишува дека се работи за летало со американска регистрација кое започнало спирално спуштање од височина од 2,5 километри.

Од љубљанската полиција потврдија дека најверојатно се работи за авионска несреќа, поради што во реонот се трага.

„Контактот со леталото е изгубен од засега непозната причина во областа Велика Планина, каде што полицијата и другите спасувачки служби моментално вршат активности. Потрагата е отежната поради екстремно лошите временски услови и слабата видливост, што исто така го отежнува летањето на спасувачките хеликоптери“, додаваат тие.

Според првичните информации, во авионот имало едно лице, јавува порталот kamnik.info. Покрај полицијата и пожарникарите, во потрагата учествуваат и планински спасувачи од Камник и Целје.

Би можело да ве интересира

Нови дојави за бомби во Загреб: Евакуации во училишта и медиуми

Разбојници со пиштоли упаднаа во куќа во Загреб – малолетник ги избрка

А1он

ВИДЕО: Евакуација на три трговски центри во Загреб поради дојави за бомби

Катерина Ѓуровски

Во Загреб, ветерот ја откорна фасадата на нова зграда, падна врз автомобили

Предраг Петровиќ

Откажана е наставата во средните и основните училишта во Загреб

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски